SIPPO
Кои сме ние
Швајцарската програма за промоција на извозот (SIPPO) е долгогодишен мандат на Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (SECO) во рамките на неговата соработка за економски развој.
SIPPO има за цел подобро да ги интегрира земјите во развој во светската трговија. Иако извозните компании кои доаѓаат од земјите на SIPPO имаат добри производи кои им ги нудат на увозниците на странските пазари, тие се борат да најдат начини да допрат до потенцијалните купувачи. Исто така, има увозници на целните пазари кои бараат добавувачи со одлични производи, но нивното наоѓање во странство е вистински предизвик и одзема многу време.
Затоа, фокусот на SIPPO е да го поддржи овој „последен чекор“ од синџирот на снабдување, во кој извозниците и увозниците се пронаоѓаат едни со други. Организациите за деловни услуги- Business Support Organizations (BSО) се точката на контакт за премостување на овој „последен чекор“ и за олеснување на пристапот до пазарот и извозот во Швајцарија, ЕУ и регионалните пазари.
Според тоа, SIPPO ги поддржува исклучиво Business Support организациите во земјите на рамките на SIPPO (меѓу останатите и јавни и приватни деловни асоцијации, стопански комори, агенции за промоција на извозoт, секторски здруженија) во подобрувањето на нивното портфолио на услуги за промоција на извозот кон компании подготвени за извоз во нивните земји.
Преку компетентни локални тимови на SIPPO и во соработка со мрежа од меѓународни и национални експерти, програмата SIPPO ги подобрува перформансите на избраните Business Support организации во две области:
1. Подобрување на активностите на Business Support организациите за промоција на трговијата преку развој на капацитети за истражување на пазарот, учество на саеми, трговски мисии и студиски патувања.
2. Поддршка на Business Support организациите во нивниот организациски развој, стратешко планирање и позиционирање, управување со проектен циклус, споделување знаење и континуирано учење.
SIPPO е активен во 11 партнерски земји и 6 сектори: риба и морска храна, преработена храна, природни состојки, техничко дрво, текстил со додадена вредност и одржлив туризам.
SIPPO се спроведува од страна на Swisscontact од 2017 година во партнерство со BHP Brugger and Partners и Helvetas Swiss Intercooperation и сега е во Втората фаза (2021-2025).