Одржлив туризам
Долгорочната корист од туризмот упатува на одржлив пристап – почитување на локалното население, туристот, културното наследство како и опкружувањето. Напорите да се привлечат светските патници во Северна Македонија како нивна следна дестинација за одмор или за активен туризам бараат квалитетна промоција. SIPPO ја поддржува презентацијата на Северна Македонија како дестинација за доживување нови искуства и откривање на автентичната култура и природното опкружување во земјата.