Природни состојки
Во контекст на природните состојки (анг. Natural Ingredients) подразбираме лековити билки, ароматични растенија, етерични масла, зачини, јаткасти плодови, печурки, лишаи, мед, разни видови шумски плодови и слични производи. Имајќи ја предвид растечката побарувачка за природни состојки на глобално ниво овој сектор има значаен потенцијал за раст на извозот. Помогнете им на вашите компании да идентификуваат пазари кои ќе бидат соодветни за нивните производи.