Процесирана храна и природни состојки
Увозниците на храна постојано се во потрага по нови и помалку познати, висококвалитетни и одржливо произведени прехранбени производи, како и по иновативни идеи за производи, со цел да им понудат нови вкусови и искуства на своите потрошувачи.
Во секторот за преработена храна во земјата, SIPPO ќе се фокусира на преработеното овошје и зеленчук со висок извозен потенцијал. Во контекст на природните состојки (анг. Natural Ingredients) подразбираме лековити билки, ароматични растенија, етерични масла, зачини, јаткасти плодови, печурки, лишаи, мед, разни видови шумски плодови и слични производи. Имајќи ја предвид растечката побарувачка за природни состојки на глобално ниво овој сектор има значаен потенцијал за раст на извозот. Помогнете им на вашите компании да идентификуваат пазари кои ќе бидат соодветни за нивните производи.
