Текстилна индустрија

Текстилниот сектор е традиционално важна извозна гранка на економијата во Северна Македонија. Близината до европските пазари, широкиот производен асортиман, високиот квалитет и адекватната цена се карактеристики кои ги позиционираат македонските текстилни компании како деловни партнери што имаат капацитет да одговорат на потребите на светските купувачи. SIPPO ќе ги поддржи Business Support организациите со цел да можат да идентификуваат соодветна платформа за промоција на извозот за нивните компании кои се извозно ориентирани, но и да ги подготват и поврзат со соодветните пазари.