North Macedonia

TTA-TC организираше студиска посета на саемот A+A

Текстилниот кластер, со поддршка на Швајцарската програма за промоција на извозот (SIPPO), организираше студиска посета на саемот А+А. Саемот е специјализиран за работна и корпоративна облека а студиската посета имаше за цел истражување на потенцијалите за овозможување на производствени услуги кон овој специјализиран пазар за облека

ТТА-TC организираше студиска посета на саемот А+А

Оваа есен, од 4-7 ноември, Трговско текстилната асоцијација - текстилен кластер (TTA-TC) организираше студиска посета на саемот А+А во Дизелдорф, Германија со поддршка на Швајцарската програма за промоција на извозот. Студиската посета беше одлична можност за ТТА-ТC да го истражи германскиот и европскиот пазар на работна и корпоративна облека со цел да ги идентификува трендовите во овој специјализиран пазарен сегмент на облека. Студиската посета исто така беше одлична можност за ТТА-TC да развие соодветна деловна мрежа со организации кои го поддржуваат бизнис секторот но и да ги разгледа можностите за саемски настап на следното издание на овој реномиран саем за работна облека кое ќе се одржи во 2021 година. 

Претставник на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот - Invest North Macedonia исто така се приклучи кон оваа интересна едукативна посета на саемот А+А со цел истражување на можностите за промоција на извозот. Кон студиската посета се приклучија и пет компании кои соодветно добија поддршка од TTA-TC во процесот на подготовка и реализација на студиската посета а со цел истражување на приликите за унапредување на бизнис можностите. Дводневната компактна агенда која ја креираше ТТА-TC опфати посета на однапред селектирани штандови, вмрежување со европски организации кои го поддржуваат бизнис секторот во соодветните земји но и посета на Fashion Show - специјален настан во рамките на саемот каде, меѓу другите, компании од Србија, поддржани од соодветните Business Support организации и SIPPO програмата во Србија учествуваа во модна ревија користејќи ја како одлична промотивна алатка за своите продукти и услуги во пазарниот сегмент на работна и корпоративна облека. 

Низ студиската посета, ТТА-ТC ги зајакна своите капацитети во областа на истражување на пазарот на терен и ги унапреди своите вештини во насока на овозможување адекватни информации кон компаниите - членки за потенцијалите на специјализираниот пазарен сегмент на работна и корпоративна облека. 

To make this website run properly and to improve your experience, we use cookies. For more detailed information, please check our Cookie Policy.

  • Necessary cookies enable core functionality. The website cannot function properly without these cookies, and can only be disabled by changing your browser preferences.