“The Day After” панел дискусија за текстилната индустрија
Организациите кои ги поддржуваат компаниите или (анг. Business Support Organizations, BSO), со поддршка на SIPPO организираа виртуелна панел дискусија со претставници на германските компании и асоцијацијата DTB - мрежа на компании, образовни институции, институти и соодветни организации од текстилната индустрија; целта на оваа дискусија беше компаниите - членки на Business Support организациите да добијат информации за деловните можности во текстилната индустрија во периодот што следи
Што ќе се случи во претстојните денови во текстилната индустрија имајќи ја во предвид моменталната ситуација со COVID - 19? Колку ќе биде важна географската близината за германските купувачи при користење на услуги за производство на облека? Кои канали на комуникација ќе бидат претпочитани за идентификување на деловни партнери во иднина?
Овие беа само некои од прашањата за кои се дискутираше за време на виртуелната панел дискусија „Денот потоа“ (анг. The Day After), организирана во онлајн формат на 25 јуни а со цел BSO-ата од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Србија и нивните компании - членки да се стекнат со релевантни информации за тековните предизвици и идните можности во текстилната индустрија. Во оваа прилика, претставниците на германските компании ги споделија своите размислувања и зборуваа за моменталните предизвици но и развојот на индустријата во иднина.
Панел дискусијата беше одлична прилика за панелистите и учесниците да разменат информации, разговараат за иновативните модели на соработка и за тоа како може да се зајакне институционалната соработка меѓу компаниите и BSO-ата од земјите од Балканот од една страна и оние од Германија од друга страна.
Во Северна Македонија, Текстилно трговската асоцијација - Текстилен кластер учествување во организацијата на панел дискусијата и беше институција за контакт на сите оние компании кои сакаа да учествуваат на настанот.
Заинтересирани сте за повеќе информации во врска со панел дискусијата и кои беа заклучоците од истата?
Контактирајте ја Текстилно трговската асоцијација - Текстилен кластер.