North Macedonia

Работилница за истражување на пазарот со АППТ

Имајќи предвид дека истражувањето на пазарот е почетен чекор во креирањето на ефикасна промоција, SIPPO ја поддржа Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот да ги унапреди своите знаења и вештини од областа на истражување на пазарот според методологијата “Travel Persona”

Работилница за истражување на пазарот  со АППТ

Промоцијата за извозни потреби, во контекст на туризмот, промоцијата на нашата земја заради унапредување на дојдовниот туризам, започнува со опсежно истражување на пазарот. Истражувањето на пазарот преку анализа на постоечките податоците и статистичките параметри заедно со истражувањето на терен овозможува конзистентност во резултатите – релевантни информации кои ќе послужат за соодветно планирање на промотивните активности.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Р. Северна Македонија идентификуваше потреба да ги унапреди своите капацитети во областа на истражување на пазарот. SIPPO ја воочи важноста на ова потреба и овозможи поддршка во контекст на унапредување и примена на знаењето со цел зајакнување на капацитетите на агенцијата на полето на истражување на пазарот.

На 21 и 22 октомври, се одржа дводневна работилница на која осум учесници од одделите за промоција и истражување, анализа и стратешко планирање ги унапредија своите знаења од областа на истражување на пазарот според методологијата “Travel Persona”.

Низ дводневните интерактивни сесии, претставниците на АППТ се запознаа со концептот на т.н Travel Personas, позитивните промени во контекст на маркетингот кога се користи оваа методологија и резултатите кои се добиваат со примена на истата како и начинот на кои тие резултати овозможуваат ефикасно планирање и креирање на промотивни содржини. Учесниците во работилницата креираа и три профили на потенцијални туристи – посетители на нашата земја инкорпорирајќи како дел од преференците на овие потенцијални туристи специфични карактеристики од македонската туристичка понуда а во предвид беше земен и концептот на одржливиот туризам како релевантен аспект.  

Во продолжението, на вториот ден од работилницата, учесниците поблиску се запознаа со процесот на примена на оваа методологија со цел понатамошно ползување на стекнатото знаење. Како се избираат саеми каде би се спровело истражувањето, кои прашања да се постават, како да се пристапи на испитаниците и останати релевантни аспекти за развој на истражувачкото сценарио беа темите кои поттикнаа одлична дискусија низ која се стекнуваа нови знаења и се разменуваа корисни идеи.

Во претстојниот период, SIPPO ќе продолжи со поддршката на АППТ низ процесот на примена на стекнатото знаење од областа на истражување на пазарот.

To make this website run properly and to improve your experience, we use cookies. For more detailed information, please check our Cookie Policy.

  • Necessary cookies enable core functionality. The website cannot function properly without these cookies, and can only be disabled by changing your browser preferences.