North Macedonia

NAITM Туристичка берза 2018

на 5-ти и 6-ти декември 2018 година, Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија го одржа својот годишен настан кој има за цел да ги зголеми можностите за бизнис помеѓу членките на асоцијацијата. Овој годишен настан кој е воедно и најважната активност на асоцијацијата и прераснува во традиционален настан - генератор за бизнис можности во туристичкиот сектор, беше поддржан од SIPPO втора година по ред 

NAITM Туристичка берза 2018

Туристичката берза на НАИТМ е годишен настан кој ги носи на едно место членките на асоцијацијата од пет сектори: туристички оператори и агенции, хотели и ресторани, винарии, превозници и туристички водичи. Трета година по ред, NAITM ги пречекува своите членки во пријатна бизнис атмосфера во хотелот Буши во Скопје. 

Дводневниот настан има за цел да ги унапреди приликите за бизнис помеѓу членките преку деловни средби, вмрежување и присуство на предавања од страна на признаени експерти во туризмот. 

На 5-ти декември, Претседателот на асоцијацијата Г-дин. Влатко Сулев ја отвори туристичката берза и ги покани претставниците на институциите и релевантните чинители во секторот да им се обратат на присутните. Помеѓу нив беше и Г-а Лилијан Кандикјан, Национален програмски офицер при Амбасадата на Швајцарија во Р.Македонија. Г-а Кандикјан ги посочи позитивните развојни тенденции во секторот како и поддршката на туристичкиот сектор која ја овозможуваат програмите SIPPO и IME.

Официјалната програма продолжи со дискусија за потенцијалите и перспективите на бањскиот туризам во Р. Македонија по што следеа организирани деловни средби помеѓу членовите на NAITM. Програмата за првиот ден беше заокружена со ручек на кој присутните имаа прилика за вмрежување преку кое се стекнаа со нови и ги зајакнаа постоечките деловни контакти.

Програмата на вториот ден предвидуваше предавања поврзани со можностите за влез на францускиот и италијанскиот пазар како и приближување и запознавање на присутните со заедничките преференции на европските туристи кога патуваат во меѓународни рамки. Признаени професионалци од областа на туризмот, Г-дин Филип Муние и Г-дин Горазд Скрт, секој од нив со значително искуство за францускиот и италијанскиот пазар соодветно, ги запознаа присутните со релевантни податоци и информации за овие пазари, можностите за бизнис како и преференциите на туристите од овие земји. Оваа година, дополнително, професорот од Економскиот факултет во Скопје, Г-дин. Љупчо Ефтимов се обрати на публиката со тематски говор посветен на важноста на човечките ресурси и управувањето со нив во контекст на туризмот. Излагањето на Г-дин Ефтимов ја истакна важноста на човечките ресурси, нивната мотивација и соодветно управување со нив во насока на овозможување квалитетни услуги и креирање соодветни производи во контекст на дојдовниот туризам во Р. Македонија. 

Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија преку туристичката берза успева да се позиционира како институција која генерира бизнис можности во полето на дојдовниот туризам. Инспиративни идеи и планови за туристичката берза во 2019-та се веќе на повидок. Овие идеи неминовно ќе придонесат за нови бизнис можности во претстојната 2019-та година. 

To make this website run properly and to improve your experience, we use cookies. For more detailed information, please check our Cookie Policy.

  • Necessary cookies enable core functionality. The website cannot function properly without these cookies, and can only be disabled by changing your browser preferences.