North Macedonia

Можности за извоз за македонските производители на облека

Македонските производители на облека по втор пат последователно ги претставија своите производи и услуги на саемот Munich Fabric Start кој се одржа од 3-5 септември 2019 во Минхен, Германија 

Оваа есен, саемот Munich Fabric Start беше интересна бизнис дестинација за сите оние кои се заинтересирани да соработуваат со производителите на облека од Северна Македонија. Девет македонски производители на облека ги претставија своите производствени услуги на овој саем, втора година по ред, зацврстувајќи ја на тој начин својата позиција на германскиот пазар кој е традиционална извозна дестинација македонските текстилни компании. Astibo Fashion Group, Albatros, EAM, Eurosolid, Danitex, Metas, Kuli, Okitex и Sanda ги презентираа своите производствени перформанси и услуги. Тие создадоа пријатна деловна атмосфера на националниот штанд.

Низ постојаниот контакт со потенцијалните деловни партнери македонските компании ги истакнуваа предностите од соработката со нив при овозможувањето на услуги за производството на облека. Близината на швајцарскиот и пазарите од Европската унија, традицијата на изработка на облека и вештините кои ги поседуваат македонските работници како и посветеноста на производниот процес со цел постигнување перфекција низ истиот се карактеристики кои несомнено ќе генерираат многу бизнис можности за македонските изложувачи во Минхен.

SIPPO партнерите во секторот Текстил со додадена вредност, Invest North Macedonia и Текстилниот кластер ги поддржаа компаниите во процесот на подготовка за учество на саемот но и за време на самиот саем. Експертизата за ефикасно учество на саеми која ја овозможи SIPPO, беше дополнителна поддршка за гореспоменатите организации да го унапредат своето знаење од областа на ефикасно деловно учество на трговски саеми, кои пак се алатка за промоција на извозот. Дополнително, Invest North Macedonia и Текстилниот кластер соодветно ја проширија својата деловна мрежа на контакти и овозможија промотивна поддршка за компаниите преку презентација на македонската текстилна индустрија која беше на саемската агенда на презентации и семинари посветена на земјите изложувачи.  

To make this website run properly and to improve your experience, we use cookies. For more detailed information, please check our Cookie Policy.

  • Necessary cookies enable core functionality. The website cannot function properly without these cookies, and can only be disabled by changing your browser preferences.