Македонските текстилни компании на Munich Apparel Source
Македонските текстилни компании ќе изложуваат на Munich Apparel Source од 04.09 до 06.09.2018
Оваа есен македонските текстилни компании ги интензивираат своите извозно промотивни активности. Albatros, Astibo Fashion Group, Eurosolid, Kuli, Metas и Okitex - членки на Textile Trade Association - Textile Cluster ќе се претстават со свои проиводи и ќе ги промовираат своите услуги на саемот Munich Apparel Source, настан кој е дел од трговскиот саем Munich Fabric Start а се одржува од 4 - 6 септембри во Минхен, Германија.
Презентација на македонските компании и македонскиот текстилен сектор ќе се одржи на 4 септември со почеток во 14.30 во хала бр. 4, просторија F228. Меѓународните купувачи се добредојдени на македонскиот национален штанд организиран од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот - Invest Macedonia кој се наоѓа во атриум бр. 3, просторија D106 во MOC центарот за настани и трговски саеми во Минхен.
SIPPO го поддржа процесот на подготовка и учество на саемот овозможувајќи им на Invest Macedonia и TTA-TC да одговорат на потребите на текстилните компании за ефикасна извозна промоција.