Македонски компании изложуваа на Biofach 2018
SIPPO ги интензивираше можностите за деловни средби на македонските компании кои изложуваа свои производи на саемот Biofach, поддржувајќи ги да го привлечат вниманието на купувачите за македонските органски производи и природни состојки.
Саемот Biofach беше одлична можност македонските компании заеднички да ги претстават своите понуди и нивниот извозен потенцијал пред меѓународните купувачи.
Компаниите - изложувачи од Македонија имаа деловно ориентиран пристап и создадоа вистинска бизнис атмосфера на македонскиот национален штанд за време на саемот Biofach кој се одржа од 14 до 17 фебруари 2018 година во Нирнберг, Германија. Швајцарската програма за поддршка на извозот - SIPPO и IME програмата ги поддржаа компаниите во нивните заложби за остварување на деловни средби со потенцијалните купувачи за време на саемот, на тој начин зголемувајќи ги можностите за извоз на македонските компании.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го поддржа претставувањето на компаниите поддржувајќи национален штанд на саемот додека пак Македонската федерација на органски производители овозможи логистичка поддршка за компаниите и ги координираше изложбените активности на штандот.
SIPPO во оваа прилика ја насочи својата поддршка кон овозможување на деловни средби за македонските компании, поттикнувајќи го нивниот пристап до потенцијалните купувачи од регионалните и меѓународните пазари. Македонските компании остварија деловни контакти, го проширија своето познавање за трендовите во секторот и добија можност да воочат нови потенцијали за бизнис за време на четирите дена саемско изложување на македонскиот национален штанд.