North Macedonia

HiEurope 2018 - пристап до нови бизнис можности

Деветнаесет компании, седум организации кои го поддржуваат бизнисот од Балканот и три од Тунис учествуваа на Студиската посета која се одржа на саемот Health Ingredients Europe 2018, во Франкфурт, Германија

HiEurope 2018 - пристап до нови бизнис можности

„Истражување“ и дознавање на нови информации“ се две фрази со кои поблиску може да се опише искуството од Студиската посета на саемот Health Ingredients Europe 2018. Започнувајќи од 26-ти до 30-ти ноември, компаниите и организациите кои го поддржуваат бизнисот од Македонија (Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот - Invest Macedonia), Србија, Босна и Херцеговина и Албанија, придружувани од нивните колеги од Тунис ја следеа програмата на Студиската посета која беше специјално подготвена за нив а организирана од SIPPO. 

Работилницата која се одржа на 26-ти ноември им овозможи на учесниците да се запознаат со најновите пазарни трендови во секторот на природните состојки. Понатаму, оваа работилница беше одлична можност учесниците да се запознаат со начините како најдобро да го искористат присуството на саемот во насока на генерирање бизнис можности но и да ги увидат за нив важните аспекти на студиската програма. По завршувањето на работниот дел следеше вечера со цел вмрежување и меѓусебно запознавање. 

Веќе на 27-ми ноември компаниите придружувани од експерти во секторот на природни состојки се впуштија во истражување на саемските содржини, согледувајќи ги најновите трендови и иновации во секторот. Во меѓувреме, претставниците на организациите кои го поддржуваат бизнисот го искористија заедничкото присуство за размена на искуства од нивниот делокруг на работа. 

На 28-ми ноември, додека претставниците на организациите кои го поддржуваат бизнисот имаа средба со Европската асоцијација за зачини, компаниите имаа индивидуални средби со потенцијалните деловни партнери на саемот. Следниот ден, компаниите поделени во две групи согласно нивните портфолија на производи и услуги, посетија две компании, Kundig и Vogele, кои ги отворија вратите од нивните деловни простории и ги пречекаа компаниите во пријатна бизнис атмосфера која беше одличен предуслов за евентуална понатамошна соработка. 

На крајот на работната недела, се одржа состанок на кој учесниците ги сумираа искуствата и достигнувањата. Овој процес овозможува развивање на нови идеи за промоција на извозот како и можности за соработка на компаниите од Балканот меѓу себе, но и соработка со нивните германски колеги.  

To make this website run properly and to improve your experience, we use cookies. For more detailed information, please check our Cookie Policy.

  • Necessary cookies enable core functionality. The website cannot function properly without these cookies, and can only be disabled by changing your browser preferences.