North Macedonia

Четвртата туристичка берза со фокус на Одржливиот туризам

По четврти пат Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија го организираше својот годишен настан - Туристичката берза. Светски признаени експерти и професионалци од областа на туризмот зедоа учество во Туристичката берза која, оваа година, имаше и меѓународен карактер преку присуството на туристички оператори од странство кои учествуваа во B2B сесиите. 

Четвртата туристичка берза со фокус на Одржливиот туризам

Одржливиот туризам беше водечка тема на овогодинешната Туристичка берза која се одржа во хотелот Hilton Double Tree во Скопје, на 12 и 13 декември 2019. Во текот на двата дена, учесниците имаа одлична можност за слушнат релевантни предавања, да ја прошират својата деловна мрежа и да учествуваат во состаноци со меѓународни туристички оператори како и да ја следат панел дискусијата на толку важната тема во денешното окружување кое постојано се менува: Каква е иднината на туризмот?

Членот на советодавното тело на SIPPO и Специјален советник на Управниот одбор на Der Touristik Schweiz, Г-дин Андреас Зграген се обрати на публиката на првиот ден од настанот, зборувајќи за одржливиот туризам и за тоа како се создаваат автентични туристички производи и услуги во кои ќе се инкорпорираат карактеристиките на одржливиот туризам. По излагањето, Г-дин Зграген се приклучи на панел дискусијата во која учество зедоа и Г-дин Робер Ди, поранешен Претседател на Европската туристичка асоцијација а денес директор во Robert Dee Associates и ко-основач на New Deal Europe, Г-а Дина Муцунска, Менаџер на х. Манастир во Берово и Г-дин Дејан Методијески од Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во панел дискусијата се зборуваше за многу интересни теми: Како одржливиот туризам влијае на дигиталните туристички понуди и промотивни пристапи и како одговорниот и одржлив пристап кон заедницата придонесува за конкурентска предност. Присутните беа активно вклучени во дискусијата поставувајќи прашања, споделувајќи искуства со учесниците во панелот што придонесе кон уште поголемо проширување на свеста за одржливиот туризам, разбирањето за темата и практикувањето на одржливи и одговорни практики во туризмот. 

Вториот ден од настанот беше посветен на B2B состаноци. Во првиот дел од Туристичката берза се одржаа состаноци помеѓу туристичките оператори од земјава и фирмите кои овозможуваат услуги и се дел од туристичката понуда во земјава. Во попладневниот термин, домашните туристички оператори се сретнаа со нивните колеги од Италија и Словенија со што берзата доби меѓународна компонента а Г-дин Зграген исто така активно се вклучи и учествуваше во состаноците истражувајќи ја македонската туристичка понуда.

Четвртата Туристичка берза ја донесе во фокусот на учесниците темата за одржливиот начин на практикување туризам и за првпат берзата доби меѓународна компонента во делот на B2B состаноците. Овие аспекти неминовно ќе иницираат понатамошен позитивен развој кај NAITM кој ќе овозможи поддршка и развој на услуги кои адекватно ќе одговорат на потребите на членките на NAITM. 

To make this website run properly and to improve your experience, we use cookies. For more detailed information, please check our Cookie Policy.

  • Necessary cookies enable core functionality. The website cannot function properly without these cookies, and can only be disabled by changing your browser preferences.