North Macedonia

Промоција на македонскиот текстилен извозен потенцијал

Шест македонски текстилни компании ги претставија своите производи и ги промовираа своите услуги на саемот Munich Apparel Source од 4 - 6 септември 2018 во Минхен, Германија 

Промоција на македонскиот текстилен извозен потенцијал

Albatros, Astibo Fashion Group, Eurosolid, Kuli,Metas и Okitex - македонски производители на облека ги претставија своите производи и ги промовираа своите услуги на националниот штанд за време на саемот Munich Apparel Source кој се одржа од 4 - 6 септември 2018 година. Националниот штанд кој беше организиран од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот - Invest Macedonia, беше место каде компаниите воспоставија нови контакти со купувачите заинтересирани за набавка на текстилни производи (облека), кои беа срдечно пречекани во деловна атмосфера која изобилуваше со можности за бизнис. 

SIPPO воочи можност за поддршка на Invest Macedonia и Текстилно трговско здружение - текстилен кластер. Низ соработката со двете организации, SIPPO овозможи овие институции ефикасно да ги промовираат извозните потенцијали на македонските е компании кои изложуваа нас саемот во Минхен. Во овој контекст SIPPO овозможи адекватен капацитет на знаење и умеење кои им помогна на Invest Macedonia и Текстилниот кластер при избор на саемот, воспоставувањето на контакти со саемските организатори, ползување на можностите за користење на саемските промотивни канали како и вклучување на презентација за македонскиот текстилен сектор во рамките на саемската програма на презентации и семинари. 

Понатаму, SIPPO ги поддржа Invest Macedonia и Текстилниот кластер во делот на подготовка на компаниите за настапот на саемот во Минхен овозможувајќи консултантски услуги во чии рамки беше организирана и посета на компании со цел тие да добијат адекватни информации за саемот и соодветно да бидат координирани за саемски настап.  

Во понатамошниот период следи координација на активностите кои вообичаено следат по саемскиот настап а низ кои SIPPO ќе продолжи да ги поддржува Invest Macedonia и Текстилниот кластер во нивните напори да овозможат ефикасна промоција на извозните потенцијални на македонските компании. 

To make this website run properly and to improve your experience, we use cookies. For more detailed information, please check our Cookie Policy.

  • Necessary cookies enable core functionality. The website cannot function properly without these cookies, and can only be disabled by changing your browser preferences.