North Macedonia

Информативна средба за ITB Berlin 2019

На 26 февруари, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Р. Северна Македонија организираше информативна средба за саемот ITB Berlin 2019 кој ќе се одржи од 6 до 10 март 2019г. во Берлин, Германија. Оваа инфо-средба е дел од добрите деловни практики кои агенцијата ги применува со цел да ги поддржи компаниите од секторот во нивните напори да применат ефикасна промоција на саемите од светско значење на кои овие компании се претставуваат

Информативна средба за ITB Berlin 2019

Инфо - средбата е дел од добрите деловни практики кои агенцијата ги применува со цел да ги поддржи компаниите од секторот во нивните напори за ефикасна саемска промоција. Шест изложувачи заедно со претставниците од агенцијата имаа можност да се информираат за германскиот а воедно и европскиот пазар на туризмот од страна на словенечкиот експерт, Г-дин Горазд Скрт кој со нив ги сподели најновите вести, последни трендови во туризмот но и сопственото искуство од областа на ефикасна саемска промоција.  

Во текот на презентацијата, Г-дин Скрт ги информираше учесниците за моменталната состојба на понудата и побарувачката за туристички производи во Европа како и за вообичаените желби и потреби на германските и генерално европските туристи во контекст на патувањата и користењето на туристички производи. 

Во текот на сесијата, Г-дин Скрт ги поддржа учесниците да започнат отворена дискусија и низ разговор и квалитетно презентирани содржини ги информираше за најновите трендови во туризмот во 2019 но и претстави идеи како може да се креира автентична туристичка понуда со македонски ресурси а при тоа да се биде во тренд со светските текови. Понатаму сесијата продолжи со дискусија за однесувањето на купувачите кои го посетуваат ITB Berlin а беа разгледани и германските туристички оператери кои преку своето портфолио овозможуваат патувања до  земјите од Балканот. Присутните беа информирани исто така и за т.н Responsible Tourism, тема која е актуелна во туризмот а посетителите на ITB имаат можност да ги увидат најновите туристички производи и услуги кои ја вклучуваат примената на одржливи и одговорни практики во туризмот. 

Краткото истражување на задоволството на учесниците од информативната средба покажа одлични резултати. Сите учесници ја оценија агендата на средбата како „многу добра“ и „добра“ и сметаат дека овие информативни средби се корисни за нив. На сите учесници 

To make this website run properly and to improve your experience, we use cookies. For more detailed information, please check our Cookie Policy.

  • Necessary cookies enable core functionality. The website cannot function properly without these cookies, and can only be disabled by changing your browser preferences.