Работна сесија за Content Marketing and Storytelling

May 27th, 2019

Швајцарската програма за промоција на извозот - SIPPO во соработка со SwissEP - швајцарска програма која цели кон зајакнување на претприемничкото окружување во Северна Македонија, на 9 мај организираа работна сесија  на тема content marketing и storytelling. На работната средба која беше од интерактивен карактер, претставниците на организациите кои го поддржуваат извозот имаа можност да слушнат корисни информации за овие две многу важни компоненти на дигиталниот маркетинг 

Претставниците на Текстилно-трговското здружение - Текстилен кластер, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Р. Северна Македонија и Националната асоцијација за дојдовен туризам ги посетија новите канцеларии на SIPPO кои од неодамна се наоѓаат во строгиот центар на Скопје на ул. Никола Вапцаров 15/ 2-6. Во оваа прилика претставниците на организациите кои го поддржуваат извозот се приклучија на работната сесија која ги опфати двата суштински аспекта на дигиталниот маркетинг: content marketing и storytelling. Учесниците имаа можност да слушнат за основните аспекти и трендови од овие области, кои пак беа презентирани од австриската консултантка со меѓународно искуство на тема content marketing и storytelling, Г-а Кристина Форстер. 

Можноста агендата за оваа средба да биде креирана според интересот и преференците на учесниците, овозможија четиричасовна сесија низ која се  дискутираше и се разменуваа мислења, идеи и искуства за примената на content marketing-от. Што е всушност content marketing, , како функционира, од каде да се започне, што е важно кога се започнува со примената, но и како да се продолжи понатаму кога се создаваат нови содржини покрај постоечкиоте on-line содржини - беа дел од темите на оваа работна средба. Овие аспекти но и теми поврзани со идентификување на т.н target personas и корисничкото искуство на посетителите при нивното пристапување на веб страниците беа опфатени поради нивната исклучителна важност во контекст на стратегијата за content marketing.

Учесниците го изразија своето задоволство од учеството во работната сесија оценувајќи ја истата како корисна за нив. Важно да се истакне е мотивациската атмосфера која ја красеше работната сесија а беше резултат на дискусиите и разменувањето на идеи за актуелните предизвици, но и можности за создавање на ефективни содржини преку кои ќе се комуницира со целната публика низ on-line каналите на комуникација.