TechPack - поддршка за BSO-ата и компаниите

May 15th, 2020

Македонските start-up и мали и средни претпријатија кои работат во полето на интернет и комуникациските технологии ќе овозможат поддршка за компаниите од индустриите кои се силно погодени од неодамнешните економски случувања предизвикани од COVID - 19

 Во услови на постоечка пандемија на COVID – 19 и влијанието кое истата го има врз светската економија, компаниите се соочуваат со голема неизвесност за иднината на своето работење. 

Во контекст на горенаведената економска реалност, компаниите се обидуваат се да се адаптираат на растечката важност за работење онлајн како и продавање или овозможување на услуги и производи онлајн. Со цел поддршка на компаниите во овие деловни напори, Startup Macedonia (програма поддржана од Swiss EP) предложи одлична иницијатива која беше препознаена од Фондот за иновации и технолошки развој. Иницијативата предвидува поддршка на традиционалните бизниси (бизниси кои своето работење го управуваат преку модели кои не вклучуваат секогаш решенија од областа на интернетот и дигиталните технологии) на нивниот пат кон дигитализација и креирање на одговор на тековните предизвици. 

Имено, македонските старт-ап компании и малите и средни претпријатија кои работат во индустријата за интернет и комуникациски технологии (ИКТ), ќе овозможат за традиционалните бизниси бесплатен пристап до нивните услуги и производи во текот на одреден временски период. На овој начин, традиционалните бизниси ќе имаат можност да го забрзаат своето деловно работење преку креирање на онлајн продавници, подобрување на перформансот на фирмата преку дигитално архивирање или пак ќе го зголемат своето знаење од областите кои се поврзани со дигитални и ИКТ вештини, на тој начин останувајќи конкурентни во деловното окружување кое предвидува и онлајн присуство на бизнисите. 

Сите заинтересирани организации кои ги поддржуваат бизнисите, анг. Business Support Organizations) и компании од Северна Македонија треба да ја посетат веб страната TechPack. Ова е платформа каде ИКТ компаниите ги пласираат своите услуги и производи под одредени услови (уште дефинирани како „зделки“). Сите заинтересирани организации или компании можат да ги контактираат директно компаниите од платформата и да разговараат за споменатите „зделки“ кои во најчест случај опфаќаат поддршка која е овозможена во одреден временски период бесплатно а потоа постојат услови под кои услугата или производот се користат по завршувањето на периодот на бесплатно користење. 

Дополнително, оние старт-ап и мали и средни претпријатија од ИКТ секторот кои се заинтересирани да овозможат поддршка преку своите услуги и производи, можат да се пријават на платформата и да ја постават својата „зделка“ за истата да биде видлива но и достапна за оние традиционални бизниси кои би имале интерес за истата. 

За сите оние организации или компании пак кои имаат специфични потреби и побарувања кои ги адресираат или веќе ги адресирале преку прашалникот кој е достапен на веб страната на TechPack, тимот на TechPack ќе ги контактира за понатамошна координација и комуникација со цел изнаоѓање најдобар начин и решение за евентуална поддршка. 

Проверете ги постоечките „зделки“ и видете дали истите можат да ви помогнат да го унапредите вашиот бизнис, промоција на истиот преку подобрено онлајн присуство на вашата фирма или пак да ги зајакнете организациските процеси преку ИКТ решенија кои ќе ја унапредат вашата е-продажба (e-commerce).