SIPPO во посета на ITB Berlin 2018

March 13th, 2018

претставниците на SIPPO организираа средба помеѓу претставникот на советодавниот одбор на SIPPO и член на одборот и врвен експерт при DER Touristik Suisse AG - г-динот Андреас Зграген и г-динот Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија 

Претставниците на SIPPO го посетија македонскиот штанд на саемот ITB Berlin а во оваа прилика ним и на г-динот Андреас Зграген член на советодавниот одбор на SIPPO и член на одборот и врвен експерт при DER Touristik Suisse AG им посака срдечно добредојде г-динот Љупчо Јаневски - директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија. Состанокот во организација на SIPPO беше прилика г-динот Зграген да допринесе со своето искуство во пронаоѓањето можности за унапредување на извозно-промотивните услуги во туризмот. Состанокот се одвиваше во рамките на најзначајниот светски трговски настан во областа на туризмот ITB Berlin кој оваа година се одржа од 7 до 11 март 2018 година во Берлин, Германија.