SIPPO 2021: Текстилен сектор

January 22nd, 2021

Кој беше фокусот на соработката со Текстилниот кластер и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Р. Северна Македонија - Invest North Macedonia во втората половина од 2020г и зошто веруваме во подобра 2021г. за промоцијата на извозот и трговијата

Последните шест месеци од 2020 беа значителен предизвик за текстилната индустрија поради пандемијата на COVID - 19. Низ овој период Текстилниот кластер секојдневно овозможуваше поддршка на компаниите кои имаа потреба од навремени и релевантни информации за тековното работење во услови на пандемија за важни аспекти од работењето а пред се поврзани со неочекуваните прекини на производствените процеси поради мерките за карантин на дел од вработените, царинските процедури и транспортот во услови на пандемија како и информациите за достапноста на владините програми за поддршка на бизнисите овозможени како одговор на глобалната пандемија со COVID - 19.   

SIPPO постојано ги поддржуваше своите партнери обидувајќи се заедно со нив да ги воочи евентуалните можности кои вообичаено ги следат предизвиците во периоди на економска стагнација; овој пристап со цел идентификување потенцијали за раст (знаење и умеење, вештини, флексибилно планирање) и во услови на пандемија беше избран за сметка на пасивно набљудување на ситуацијата чекајќи да дојдат подобро денови. Веќе во летниот период 2020, SIPPO го поддржа Текстилниот кластер да ги унапреди своите вештини во примената на Design Thinking методологијата која и овозможи на организацијата појасно да ја објасни и промовира кон постоечките и идни членки на кластерот додадената вредност од членството во истиот. Овој пристап кој во фокусот го позиционира клиентот (членките на кластерот во овој случај) и нивните потреби, сега претставува знаење и умеење кое на Текстилниот кластер му овозможува адекватен пристап во дефинирањето на услугите, нивна промоција и соодветно унапредување на нивниот квалитет.  

Во септември, Invest North Macedonia (INM) и Текстилниот кластер ја препознаа можноста за промоција која им беше овозможена од страна на организаторите на саемот Pure London Pure Origin (Лондон, Велика Британија). На овој саем,  Invest North Macedonia аплицираше за учествуво со национален штанд во септември, 2021г. Двете организации меѓусебно го координираа креирањето на промотивната содржина (видео презентација) на македонската текстилна индустрија на дводневниот онлајн вебинар Fashion Together претствувајќи ги на меѓунароните бизнис посетители и потенцијални купувачи потенцијалите за соработка и услугите кои ги овозможуваат македонските текстилни компании. 

Invest North Macedonia аплицираше за учество на саемот А+А кој ќе се одржи од 26 - 29 октомври 2021г. во Дизелдорф, Германија. Работната облека и корпоративниот програм се особено важен пазарен сегмент од пазарот на производство на облека со значителен потенцијал во услови на глобалната пандемија на COVID - 19. Invest North Macedonia го препозна потенцијалот на саемот А+А и преку апликацијата за учество (во моментов во очекување на одговор за прифаќање на апликацијата од страна на саемот) направи чекор поблиску кон национално претставување на овој светски познат саем за работна облека. Важно да се спомене е дека Текстилниот кластер организираше студиска посета на саемот А+А во 2019г. година која овозможи соодветна анализа на побарувачката, можностите македонските текстилни компании да одговорат на оваа побарувачка со своите услуги и потенцијалот кој го овозможува пазарниот сегмент на производство на работна облека па оттука апликацијата за учество со национален штанд во 2021г. е квалитетен пристап во промоцијата на извозот базиран на потребите на фирмите и соодветна координација помеѓу Текстилниот кластер и Invest North Macedonia.

Во ноември, текстилниот кластер организираше Kick off meeting на кој INM ја сподели информацијата за поднесената апликација за учество на саемот А+А. На овој состанок, поддржани од SIPPO, организациите споделија со компаниите најнови информации за германксиот пазар на работна облека. Во исчекување на позитивен одговор за прием на апликацијата, во две послдеователни работилници текстилниот кластер и Invest North Macedonia ги дефинираа SMART целите од учествтото на саемот кои ќе им овозможат јасни насоки во креирање на поддршката кон компаниите во делот на нивна подготовката за учество на саемот.

Веруваме во посветла 2021. Во претстојниот период SIPPO заедно со Текстилниот кластер и Invest North Mаcedonia ќе започнат подготовки за понатамошни активности за промоција на извозот. Постојано ќе ги идентификуваме можностите и ќе ги поддржиме нашите партнери да креираат мерки за унапредување на трговијата помеѓу Северна Македонија и купувачите од Европа и светот.  

Посетувајте ја редовно веб страната на SIPPO за повеќе информации за нашите активности во текстилниот сектор и промоцијата на извозниот потенцијал од овој сектор.