Координативен состанок на фирмите од секторот на лековити билки, ароматични растенија, етерични масла, печурки и други шумски плодови

June 21st, 2018

Компаниите и релевантните институции кои работат во областа на лековити билки, ароматични растенија, етерични масла, печурки и други шумски плодови одржаа секторски состанок и низ динамична дискусија разговараа за предизвиците и потенцијалот за извоз од секторот.

Стопанската комора на Македонија во соработка со Федерацијата на производители на органски производи на Македонија беше домаќин на состанокот на фирмите кои работаат во секторот на лековити билки, ароматични растенија, етерични масла, печурки и други шумски плодови, а се одржа на 6 јуни 2018 година. SIPPO го поддржа состанокот со цел идентификување на можности за развивање на услуги кои ќе овозможат ефикасна промоција на извозот соодветно на потребите на компаниите. 

Низ динамичната агенда се дискутираше за извозните пазари кои се интересни за македонските компании, профитабилните аспекти на бизнисот како и предизвиците присутни во деловното окружување на секторот. Дискусијата упати на потребата од координација помеѓу бизнис заедницата и релевантните институции во секторот, особено во областа на законската регулатива која пак влијае на извозниот потенцијал на компаниите. Низ разговорот учесниците зборуваа и за своите потреби за унапредување на бизнисот како и  интересот за присуство на трговски саеми и учество во студиски посети со цел унапредување на промоцијата на извозот. 

Состанокот овозможи дискусија низ која беа претставени идеи за понатамошна координација и можности за повторна средба на  релевантните чинители од секторот.