Како до успешна промоција на WTM London

November 5th, 2018

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија и SIPPO организираа работна сесија за македонските туристички оператори и агенции кои планираат да го посетат саемот World Travel Market (WTM) во London

Македонските туристички оператори и агенции кои претпочитаат да го посетат саемот оваа есен, имаа можност да дознаат повеќе за профилот на британските туристи, туристичките оператори од Обединетото Кралство и карактеристиките на саемот WTM за време на работната сесија која се одржа на 1 ноември во просториите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија. 

SIPPO ја поддржа иницијативата за одржување на оваа работна сесија. Содржината на сесијата беше формирана околу идејата да се споделат информации за саемот WTM London и туристичкиот пазар во Обединетото Кралство. Дополнително концептот на Одржлив туризам беше претставен како аспирација, ориентација на луѓето во одредена туристичка дестинација кон взаемна соработка а со цел задржување на сопствената благосостојба додека овозможуваат впечатливи искуства за посетителите, при тоа земајќи го во предвид влијанието врз околината и економската оправданост од работењето.

Учесниците на оваа работна сесија исто така беа запознаени со алатките за ефикасно мерење на саемското учество и последователните саемски активности. Ова беше можност за посетителите да ја воочат содржината на Формуларот за остварени контакти и Формуларот за проценка на саемското учество и поблиску да се запознаат со корисните аспекти од користењето на овие алатки. 

Посетителите беа задоволни од оваа работна сесија и поддржуваат одржување на слични работни сесии во иднина. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и SIPPO го поздравуваат успехот постигнат од организирањето на овој настан, на кој 81% од учесниците се задоволни од предложената агенда за работа а 100% сметаат дека ваквите сесии се корисни за нив.