Македонија

ГИ УНАПРЕДУВАМЕ ИЗВОЗНИТЕ УСЛУГИ

ЗА SIPPO

Поддршката од SIPPO овозможува ефикасен пристап до извозните дестинации и вмрежување со купувачите во Швајцарија, Европа и светот.

Швајцарската програма за поддршка на извозот SIPPO e долгогодишен мандат на Швајцарскиот секретаријат за економски работи (SECO) во рамките на неговата програма за економски развој. Од 2017 година програмата на SIPPO е имплементирана од страна на Swisscontact, деловно ориентирана швајцарска фондација за меѓународна соработка и развој.

Работиме директно со т.н Business Support Organizations (BSO) како што се стопанските комори, трговски асоцијации, кластери и сл. поддржувајќи ги во проширување на опсегот и квалитетот на нивните услуги кои се однесуваат на извозните активности на нивните членки.

Преку овие организации компаниите кои се подготвени за извоз добиваат пристап до соодветно креирани извозни услуги поврзани со истражување на пазарот, вмрежување и деловни средби како и зајакнување на сопствениот капацитет.

SIPPO ги поврзува релевантните сектори со извозен потенцијал од единаесетте земји-партнери во програмата со соодветни увозници од Швајцарија, Европа и останати пазари од интерес.

SIPPO во Македонија повеќе од 15 години ги идентификува можностите за извоз и го поддржува растот на македонските компании. Македонија е дестинација која е во близина на водечките земји-увозници на европскиот пазар. Производството на квалитетни производи, квалификуваниот кадар и можноста да се одговори на побарувањата на купувачите им помага на македонските компании да бидат соодветен партнер во меѓународната трговија. Преку поддршката на извозот, SIPPO придонесува кон зголемување на приходот и бројот на работни места во Македонија од една страна, и им помага на европските и светските увозници да набавуваат производи и услуги од соодветни и сигурни партнери во Македонија од друга страна. Организациите кои го поддржуваат извозот можат да имаат значителна корист од европската партнерска мрежа на SIPPO во која се вбројуваат германскиот Import Promotion Desk - IPD, холандската CBI, австриската IHA. како и International Trade Centre (ITC).

SIPPO Кодекс на однесување

НАШИТЕ УСЛУГИ – ВАШИ МОЖНОСТИ

Нашата развиена мрежа на деловни контакти помага  во создавањето нови можности за бизнис како за организациите кои го поддржуваат извозот така и за компаниите.

Истражување на пазарот, подготовка за настап и учество на саеми, организирање деловни средби помеѓу компаниите кои извезуваат и потенцијалните купувачи во Европа и светот, креирање инструменти за електронско учење и размена на знаења,  се помеѓу останатите активности кои ги овозможуваме согласно потребите на нашите партнерски организации.

ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ

Ги подготвуваме организациите што го поддржуваат извозот да овозможат подобри извозни услуги. Проценуваме и овозможуваме алатки за управување со вашето деловно работење.

ВМРЕЖУВАЊЕ

Искористете ја нашата широка мрежа на контакти. Организираме настани за вмрежување и Ве повикуваме на конференции и работилници.

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ

Дознајте повеќе за потенцијалите на пазарот. Овозможуваме проценки, студии за соодветните сектори и информации за производите. Нашата експертиза Ви помага да се подготвите за новите пазари.

ДЕЛОВНИ СРЕДБИ

Стекнете контакти со добавувачите и со купувачите. Сретнете се со нив на трговските саеми. Организираме деловни состаноци, трговски мисии за продавачите и купувачите и ги комбинираме истите со деловни и студиски посети.

НАШИОТ ТИМ – ВАШ СОРАБОТНИК

Тимот на SIPPO во Македонија е целосно посветен на идентификување на можностите за поддршка на вашиот извоз.

Нашето искуство во поддршката на извозните активности, познавањето на пазарните прилики, но и предизвиците во засебните сектори во земјата упатуваат на успех во соработката со нашиот тим.

Вартан Сурмејан

Менаџер за промоција на извоз

Наталија Пунтевска

Регионален претставник

СЕКТОРИ

Во Македонија, природните состојки, текстилната индустрија и одржливиот туризам се трите сектори во кои SIPPO заедно со партнерските организации ќе ги насочи своите активности за унапредување на извозот.

Поддршката од SIPPO овозможува поттикнување на  извозот согласно природата, можностите и потенцијалот на поединечните сектори

Природни состојки

Во контекст на природните состојки (анг. Natural Ingredients) подразбираме лековити билки, ароматични растенија, етерични масла, зачини, јаткасти плодови, печурки, лишаи, мед, разни видови шумски плодови и слични производи. Имајќи ја предвид растечката побарувачка за природни состојки на глобално ниво овој сектор има значаен потенцијал за раст на извозот. Подгответе ги вашите производи за извоз постигнувајќи квалитет при нивното собирање и преработка и  достигнете ги  стандардите што се потребни за настап на странските пазари. Заедно со нашите партнерски организации кои го  поддржуваат извозот ние ќе ви помогнеме да стигнете на извозните пазари и ќе ве поддржиме во вашите извозни активности.

Одржлив туризам

Долгорочната корист од туризмот упатува на одржлив пристап – почитување на локалното население, туристот, културното наследство како и опкружувањето. Напорите да се привлечат светските патници во Македонија како нивна следна дестинација за одмор или за активен туризам бараат квалитетна промоција. SIPPO ја поддржува презентацијата на Македонија како дестинација за доживување нови искуства и откривање на автентичната култура и природното опкружување во земјата.    

Текстилна индустрија

Текстилниот сектор е традиционално важна извозна гранка на македонската економија. Близината до европските пазари, широкиот производен асортиман, високиот квалитет и адекватната цена се карактеристики кои ги позиционираат македонските текстилни компании како деловни партнери што имаат капацитет да одговорат на потребите на светските купувачи. Поддршката на SIPPO во овој сектор е во насока на проширување на потенцијалните пазари и зајакнување на постоечките контакти со купувачите низ светот.

ПАРТНЕРСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Во моментов SIPPO ги идентификува идните партнерски организации со кои ќе соработува на поддршка на извозот во соодветните сектори. Поттикнуваме софистицирани услуги за компаниите кои се подготвени за извоз.

Во 2017 година, заедно со International Trade Center, организација при Обединетите нации (www. intracen.org), беше извршена проценка на организациите кои го поддржуваат извозот (Business Support Organizations) со цел идентификување на потенцијалите за подобрување на нивните извозно промотивни услуги. Процесот вклучуваше интервјуа поврзани со извозно промотивните услуги на организациите кои го поддржуваат извозот, управувањето со квалитетот, управување со деловните перформанси, организациската структура како и нивните стратегии за извоз и стратегии за настап во поединечните сектори.

Нашите партнерски организации во следните месеци ќе бидат објавени тука

НАСТАНИ

Во соработка со своите партнери SIPPO организира соодветно дизајнирани настани од меѓународен карактер. Проверувајте ја редовно оваа секција и пријавете се за специјално креираните деловни средби и настани за вмрежување.

Студиски посети, деловни средби помеѓу купувачите и продавачите, обуки за саемски настап, работилници за ефикасен пристап кон извозните пазари и многу други содржини им овозможуваат на компаниите да ги усовршат своите деловни вештини во извозот.

Студиска посета на саемот Food Ingredients Франкфурт, 28. - 30. ноември 2017 година

28.11.2017

Студиска посета на саемот Food Ingredients кој ќе се одржи во Франкфурт, Германија од 28-30.11.2017 година.

Саем Биофах, 14-17 февруари 2018 година

14.02.2018

Настап на саемот BIOFACH во Нирнберг, Германија од 14-17 фебруари 2018 година.